АП Брера се надева на позитивен исход од гостувањето во Тетово

100

АП Брера има мисија да се обиде да го избегне баражот во последните две кола од Првата фудбалска лига. Во моментов, има три бода помалку од Арсими и четири од Башкими, и јасно е дека ќе може тоа да го стори само доколку успее да стигне до позитивен резултат на денешното гостување кај Шкендија во Тетово.

По ремито против Работнички во минатото коло, задачата на Брера е отежната, но шанси сѐ уште постојат.

„Одиме во Тетово со цел да одиграме квалитетно и да оствариме позитивен резултат“, порачуваат од АП Брера.

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера ќе се одигра денеска, со почеток во 16 часот, на Градскиот стадион во Тетово.

ПретходноВардар денеска во Струга ја заверува титулата!
СледноМеланија Грозданова – талентот за кој зборува Европа: Убаво е чувството кога еден гигант како Јувентус, се интересира за тебе