Ништо чудно ако се знае што значи мега – ѕвездата во светот на спортот иако одамна не е веќе активен фудбалер. Имено поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам стана првиот британски спортист – милијардер на листата на „Сандеј тајмс“ за 2026 година.
Заедничкото богатство на Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарди фунти, што ги прави втори меѓу спортските личности, зад семејството на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун.
Бекам, поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ и Милан, сега е ко-сопственик на Интер Мајами и амбасадор на брендови како што се Адидас и Хуго Бос, додека Викторија го стекнала своето богатство преку модната индустрија. На листата се наоѓаат и голферот Рори Мекилрој со богатство од 325 милиони фунти, возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, со 435 милиони, како и боксерите Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.










