Во пресрет на дербито во Струга: Шкемби и Седлоски ги објавија стартните состави!(ФОТО)

137

На нешто помалку од еден час до почетокот на дербито од 32.коло меѓу Струга ТЛ и Вардар, стратезите на двата тима Бледи Шкемби и Гоце Седлоски ги објавија стартните состави.

Кај домашните Компаоре и Радески се на клупа, го нема Бојку во записникот.

Седлоски мечот ќе го започне со најдоброто што го има во моментов. Интересно, нема ниту еден од Аргентинците во стартниот тим.

Инаку се е јасно. Ако на овој меч кој почнува од 16 часот и се игра на Градскиот стадион во Струга, Вардар освои најмалку бод и официјално ќе стане шампион на Македонија.

ПретходноПревирањата зад сцената и конфликти во Милан
СледноБекам е првиот британски спортист – милијардер!