И официјално: Турција – Македонија на 1 јуни во Истанбул!

80
ФОТО: FFM.MK

И официјално, фудбалската федерација потврди. Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Турција во Истанбул. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време.

Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски.  Претходно, најдобрата македонската репрезентација на 29. мај ќе одигра контролен натпревар против Босна и Херцеговина во Сараево.

Ова се две пријателски средби на кои Македонија ќе покаже со што располага во моментов и каков капацитет има во пресрет на есенските мечеви во Лигата на Нации.

ПретходноСудиите во Ла Лига бараат покренување на дисциплинска постапка против Флорентино Перез!
СледноПревирањата зад сцената и конфликти во Милан