РК Пелистер се пофали со Едвин Џелиловиќ!(ФОТО)

97
ФОТО:.facebook.com/hceurofarmpelister

Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ е нов член на Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла потпиша тригодишен договор со Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања.

Џелиловиќ ја надмина средината и со серија на титули со Извиѓач ќе пристигне во Македонија. Покрај за овој клуб кој доминира во шампионатот на БиХ, Џелиловиќ го носеше дресот и на Грачаница. Висок е 189 сантиметри и тежок 81 килограми, а во последните години остави траги играјќи во Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.

Едвин Џелиловиќ ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27 во јули годинава. Да потсетиме дека нов тренер на битолчани е легендарниот Лино Червар.

ПретходноКаков срам за „црвено – белите“: ФИФА и забрани на Ц.Звезда регистрација на нови играчи!
СледноШкендија оди на победа и чека позитивни вести од Струга