Шкендија оди на победа и чека позитивни вести од Струга

39
ФОТО: FFM.MK

Тешка е мисијата на Шкендија во обидот да ја одбрани титулата во ПМФЛ. За да има уште надеж, тетовскиот тим ќе мора да ја победи АП Брера, и Вардар да загуби од Струга ТЛ, а потоа во последното коло да го победат Вардар на гости.

Токму од тука тетовци ќе мора прво да ја завршат својата обврска, да го победат тимот на АП Брера.

Немаме друга опција освен да победиме и да чекаме позитивен резултат за нас од Струга. Се додека има и најмала шанса ние ќе се бориме. Нашата цел е денеска да освоиме три бода”, велат од таборот на Шкендија.

Дуелот на градскиот стадион во Тетово почнува во 16 часот.

ПретходноРК Пелистер се пофали со Едвин Џелиловиќ!(ФОТО)
СледноСудиите во Ла Лига бараат покренување на дисциплинска постапка против Флорентино Перез!