Седлоски: Заминувам горд на она што го направивме, заслужено сме шампиони!

164

Вардар со победата над Струга од 0:1 на гостински терен, успеа да се врати на шампионскиот трон. Еден од „виновниците“ за овој успех на најтрофејниот клуб беше и предводникот Гоце Седлоски, кој со титула ќе го напушти „црвено-црниот“ состав пред да и се посвети на нашата фудбалска репрезентација.

„На најдобар можен начин ја завршувам оваа моја втора етапа како тренер на Вардар. Мислам дека заслужено ја освоивме титулата со компактен, квалитетен тим кој што на поголемиот дел од мечевите доминираше и заслужено е прв. Им честитам на играчите што одиграа на високо ниво во текот на целиот шампионат. Покажаа дека се достојни да го носат овој дрес. Вардаровиот дрес е тежок, но ние како колектив покажавме дека можеме да се носиме со истиот. Благодарност до навивачите за поддршката, благодарност до моите соработници и до управата. Освоив се што можеше да се освои со Вардар. Три титули, куп, Суперкуп… Заминувам горд на она што го остваривме и му посакувам на Вардар многу успеси во иднина“, изјави тренерот на „вардарци“, Гоце Седлоски.

Претходно„Комити“: Оваа титула е НАША!