Шкендија ја победи Брера, Арсими го изненади Силекс и се избори за директен опстанок

99
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

Во длабока сенка на мечот во Струга, каде Вардар славеше во дербито и ја завери титулата, попладнево се одиграа уште два меча од 32.коло во ПМФЛ.

Под Шара, Шкендија успеа со 2:1 да ја победи Брера, но од денеска Шкендија не е веќе шампион на Македонија. Стрелци на головите беа Тамба во 52. минута и Ндзенгуе во 68.минута. Гостите од Струмица го ублажија поразот со гол во 81.минута. Со ова Брера и дефинитивно ќе игра бараж за опстанок.

Во Кратово изненадување, Арсими успеа да победи со 0:1 и со тоа да се избори за директен опстанок.

Утре се играат уште три меча од 32.коло, а Шкендија и Силекс во среда играат во финалето на Купот на Македонија.

ПретходноИ официјално: Вардар е ШАМПИОН! (ФОТО)
СледноВардар ја слави својата 12-та титула, а Седлоски четвртата!(ФОТО)