Репрезентативен кам-бек: Нојер ќе биде прв голман на Германија на Мундијалот!

33

Мануел Нојер ќе се врати во германската репрезентација како прв голман за претстојното Светско првенство, објави новинарот Флоријан Плетенберг.

40-годишниот голман на Баерн постигна договор со главниот тренер Јулијан Нагелсман и спортскиот директор на националниот тим Руди Фелер.

Конечниот состав на германската репрезентација за Светското првенство ќе биде објавен на 21 мај. Нојер се пензионираше од репрезентативниот фудбал на 21 август 2024 година.

На Светското првенство во 2026 година, Германија ќе игра во групата Е со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

ПретходноУ14: Победа над Малта во првата контрола
СледноАлекс Маркез победник на спринтот во Барселона