ВМФЛ: Штип најавува навивачка инвазија на Кочани!

63
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Денеска од 16:30 часот се играат сите осум натпреври од 29.коло во ВМФЛ. Претпоследно коло сезонава во кое некои работи, во поглед на битката за врвот ќе бидат појасни. Токму затоа сите погледи попладнево ќе бидат свртени кон стадионот “Никола Мантов“ во Кочани каде домашниот Осогово кој оваа сезона игра одлично, ја пречекува Брегалница. Штипските “сини“ со победа речиси се прволигаши ако се знае дека во последното коло следниот викенд играат дома со веќе испаднатата и очајна Победа.

Значи Брегалница игра за директен пласман во ПМФЛ.

Токму затоа се очекува навивачка инвазија на Кочани од фудбалски Штип. Ќе биде жешко во Кочани на “Никола Мантов“, ќе биде спектакл на истокот, и нека биде.

Голем број штипјани денеска ќе одат да ја бодрат својата Брегалница во блиското Кочани.

Брегалница има 65 бода, исто како и Скопје, но подобар меѓусебен скор. Нема дилеми дека “пиратите“ се фаворити против Г.Коњари, Шкендија (А) има 63 бода и игра дома со Новаци а Охрид има тешко гостување кај Детонит.

ДВОЈКИ ЗА 29.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:30 Ч)

Беласица – Саса

Детонит – Охрид

Г.Коњари – Скопје

Кожув – Тетекс

Осогово – Брегалница

Победа – Вардар (Н)

Шкендија (А) – Новаци

Слога (В) – Преспа

ТАБЕЛА

Брегалница 65, Скопје 65, Шкендија (А) 63, Охрид 62, Осогово 53, Беласица 52, Новаци 50, Детонит 49, Кожув 40, Тетекс 36, Саса 36, Вардар (Н) 19, Преспа 15, Слога (В) 12, Победа 11, Г.Коњари 7.

ПретходноТФТ и Пелистер во битка за бронзата
СледноУште еден срамен потег на Миленко Неделковски: После Каролина, на тапет дојде друга жена