Марија Ковачева
Вардар наместо господски да ја прослави титулата, испрати една лоша порака, не само во Македонија, туку и надвор од нашата држава. Невкусната песна која ја пееше речиси целата експедиција на „црвено-црните“, а истата се однесуваше на поп-иконата КАРОЛИНА ГОЧЕВА, наиде на оправдани лоши реакции од целата јавност.
Точно е дека помеѓу тимовите секогаш има превирања, но кога станува збор за еден клуб како Вардар, во ниту еден момент не е дозволено да се споделуваат видео-снимки, како вчерашната.
Вчера Миленко Неделковски предизвика говор на омраза, од градски клуб – направи клуб за срам. Првиот човек на Вардар покажа дека нема никаква почит кон женскиот род, а денеска наместо да се извини како што доликува, тој нападна друга жена (Весна Бендевска – ни крива, ни должна), што пак уште еднаш се потврди дека во неговата култура не постои никаква почит кон жените, политиката ја измеша со спортот – нешто со кое секое раководство на ФФМ се бори со години и строго казнува.
Ама се чини дека на Миленко Неделковски сè му е дозволено, бидејќи неговиот Фејсбук профил е негов, па што и да сподели на социјалните мрежи – тоа нема никаква врска со спортот, па макар и да се навредливи пораки кон женскиот род.
Уште поголем прболем е што вчера го ОЦРНИ Гоце Седлоски, новиот македонски селектор, кој ниту во сон не треба да помисли, а уште помалку да изусти збор како песната за Каролина Гочева. Се чини Седлоски брзо заборави како е на своја кожа да слушаш грди зборови за најмилите.
Вардар е градски клуб, затоа заслужува спортската култура да ја шират градски луѓе. Прво луѓе што почитуваат жени, а потоа луѓе што политиката не ја мешаат со спортот.
Ама се чини во последно време имаме сè помалку МАЖИ СО МАДИЊА. Немаат храброст да се пресметаат макар со зборови, па најлесно е да удриш по жените, да ги навредуваш. Што знам, можеби следно ќе биде и полошо од ова…
Очекуваме овој потег на Неделковски да биде осуден од страна на сите институции, на чело со Министеството за Спорт и ФФМ, бидејќи во Европа и светот, родовото базирано насилство врз жените во спортот и општо, строго се казнува.
Да не речеме дека ФИФА и УЕФА, имаат специјални програми.
















