По реакциите Фудбалската Федерација на Македонија, и уште неколку засегнати институции по ова прашање, а во однос на скандалозното однесување на ФК Вардар за време на прославата на титулата, се огласи и Општина Битола, која што го осуди настанот, и во исто време застана во одбрана на вистинските вредности на спортот.
Пред се затоа што спортот мора да обединува и да создава вистински и здрави примери за младите, особено преку шампионите.
Оваа порака ја пренесе Бојан Бојкоски, кој што е дел од советот на Општина Битола, а истата ви ја пренесуваме во целост.















