ФК Вардар после долго време се врати на фудбалскиот трон. Избраниците на Гоце Седлоски на едно коло пред крајот ставија печат на титулата после победата над Струга Т.Л на гостински терен од 0-1.
Ова e е 12-та титула за „црвено-црните“, прва после сезоната 2019/20. За Гоце Седлоски, ова е четврта титула во неговата кариера како тренер, трета со нашиот најтрофеен клуб, а има и една со Шкупи.
После звршувањето на вчерашниот меч одредена е премијата за титулата, фудбалерите на Вардар ќе поделат 250.000 евра.
Фудбалерите после крунисувањето ќе добијат одмор до 8. јуни, по што ќе заминат за Италија на подготовки.















