Пелистер го „растури“ ТФТ, и направи „брејк“

72

Пелистер со убедлива победа од 109:87, на гостински терен против ТФТ, се најде на чекор, до освојување на третото утешително место во Плеј офот на домашниот кошаркараски шампионат.

Битолчани, влегоа мотивирано уште од самиот старт, и веќе по десетина минути имаа двоцифрена предност, од десет поени, 20:30.

До полувреме, ТФТ, не успеа да најде начин како посериозно да му се закани на противникот, што пак беше доволен мотив на битолчани, последните дваесет минтуи да продолжат сигурно да чекорат кон победата.

Кај победничкиот тим, најјефикасен беше Вилсон со 27 поени, и осум скока, а зад него е Џенкинс со 26 поени. Малешевиќ додаде свои 24 поени. На другата страна, Гордон имаше 21 поен.

Серијата се сели во Битола.

 

ПретходноОпштина Битола за ФК Вардар: Спортот не е место за навреди и поделби
Следно„Спакуваните“ и идни второлигаши на мегдан на Арената