Во дуел на екипите кои што следната сезона ќе настапуваат во второлигашката конкуренција, екипата на Работнички успеа во рамките од тековното 32. коло во ПМФЛ шампионатот да го совлада Шкупи, со високи и убедливи 7:0.
Она што требаше тимот на Работнички да го прави многу порано сезонава, а тоа е да постигнува голови и да победува, сега ќе послужи само како индивидуална сатисфакција и статистика за играчите од кои огромен број повеќе нема да го носат дресот на тимот од Дебар Маало.
Со оглед на второлигашкиот статус на клубот секако.
Матеј Ангелов го отвори резултатот во 16.минута, на асистенција на Мерџани, а Талаков зголеми на 0-2 во 31.минута. Сухељ Мухарем беше стрелец на третиот гол, а до крајот на првиот дел голови постигнаа и Талаков и Мехмед. Во второто полувреме Сухељ Мухарем погоди за 0-6, а серијата голови ја затвори Мартин Талаков.















