Почнува битката за тронот: МЗТ Скопје по доминација, чудото од Маџари по нова историја!

55
ФОТО:facebook.com/kkmadzari

Денеска стартува финалната серија во плеј-офот. Актуелниот првак, МЗТ Скопје оваа сезона за титулата ќе го предизвика најголемото изненадување, дебитантот Маџари. Првата средба се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот.

За уште едeн предизвик за Васко Атанасов, во уога на шеф на стручниот штаб на екипата од Аеродром, каде ќе се играат и првите два натпревари од финалето:

„Финалето секогаш носи посебен предизвик, како круна на сезоната во која сте пролеале милиони капки пот. Се подготвуваме максимално, веруваме во својот квалитет и сме подготвени да дадеме се од себе за да ја одбраниме титулата.

Со настапите во првенството и во плеј-офот Маџари покажа квалитет кој треба да се респектира. Немаме намера да го потцениме, без разлика што е дебитант во елитата. Но, свесни сме дека се зависи од нас самите. Ако бидеме на потребното ниво тогаш ќе бидеме многу блиску до целта, а тоа е задржување на круната во Аеродром“, вели Атанасов пред почетокот на финалето.

Првиот тренер на Маџари, која ќе биде наредниот предизвикувач на МЗТ Скопје Аеродром во финалето, Миодраг Тодоровиќ, најавува борба до последниот атом на енергијата:

„Пред се, сакам да им честитам на двете екипи за влез во финалето. Интересно е дека првенството оваа година започна со натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Маџари, а така и ќе заврши.

Што се однесува до мојата екипа, едно сигурно знам, дека ќе дадеме се од себе, Секој атом од силата, ќе се бориме секоја секунда, за секој поен, за секој посед!

Не доаѓаме во Аеродром со бело знаме, напротив. Одиме до крај, и сакаме оваа наша бајка од соништата да има среќен краj“.

Пехарот ќе го подигне тимот кој ќе оставри три победи.

ПретходноЛазаров со две промени во тимот за реваншот со Словаците
СледноЛас Вегас ги очекува спортистите на „Подобрените игри“, без допинг тестови и без спортска етика!