И тоа се случува: Татко му не го пушта да оди на Светско!?

165
фото: VULGAOTT (X)

19-годишниот Луи Бен Фархат наводно бил избран за составот на Тунис за Светското првенство, но таткото на играчот не му дозволил да оди на СП, вели селекторот на Тунис, Сабри Ламуши. 19-годишниот Луи Бен Фархат, кој моментално игра за Карлсруе во Втората Бундеслига, требало да биде дел од тимот, но неговиот татко не сакал тој да си оди на Мундијалот, потврди селекторот на Тунис.

„Добив повик од таткото на Луи Бен Фархат. Ми рече дека е прерано да го изберат и го отфрли повикот. Потоа го повикав Луи, но тој не се јави. Повторно го повикав неговиот татко, но ни тој не се јави. Тоа е непочитување“, заклучува Сабри Ламуши.

Фархат има и германско и туниско државјанство. Тој одигра 19 натпревари за Карлсруе оваа сезона во Втората Бундеслига, постигнувајќи шест гола.

ПретходноХрватскиот тешкаш не запира: Хрговиќ во трета рунда го нокаутираше Британецот Ален (ВИДЕО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Чаби Алонсо четири години на клупата на Челзи