ОФИЦИЈАЛНО: Чаби Алонсо четири години на клупата на Челзи

44
фото: Real Madrid C.F.(X)

Челзи го објави назначувањето на Чаби Алонсо за главен тренер на тимот. Шпанскиот тренер ќе ја преземе должноста на 1 јули. Алонсо потпиша четиригодишен договор.

„Неговото назначување ја одразува довербата на клубот во неговото богато искуство, тренерски квалитети и играчки модел, лидерски квалитети, карактер и интегритет, кои беа клучни фактори во одлуката да го замолат да помогне во водењето на следната фаза од развојот на Челзи“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.

Последната работа на Алонсо беше во Реал Мадрид, кој го водеше од летото 2025 до јануари 2026 година.

ПретходноИ тоа се случува: Татко му не го пушта да оди на Светско!?
СледноОдбојкарите продолжуваат со подготовки, се чекаат Љафтов и Савовски (ФОТО)