Филип Кузмановски е капитен во вистинска смисла на зборот. Одигра два меча против Словачка на високо ниво, во секој момент покажа зошто е лидер на оваа нова генерација.
Кузмановски денеска постигна 11 гола од 13 обиди, додека првата средба постигна 10 погодоци. И не се само головите, туку она што го покажува на теренот, секогаш кога е тешко, тој ја превзема одговорноста.
“Мислам дека максимално влеговме и на двата меча, во ниту еден момент не ги потценивме. Сакавме да покажеме како треба да изгледа една вистинска репрезентација. Влеговме со голем респект, како на првата средба така и она вечерва. Сакавме да изгледаме навистина добро, да се споредуваме со најдобрите, кога ќе ни се укаже една голема шанса. Пример да ни биде Данска или Франција, како треба да се гине на теренот. Мислам дека беше голема мотивацијата.
Секако дека им се заблагодарам на сите кои беа вечерва во „Борис Трајковски“, како што доликува, тоа го заслужуваме, покажавме дека сме спорт бр.1. Респект за сите спортови во Македонија, ама сепак уште еднаш се покажа дека ние сме бр.1.
Да се наполни вака сала тоа е доказ дека имаме квалитет и тоа го покажуваме и на ЕП и на СП. Имаме некој цел, ќе одиме мирно, тивко кон таа цел, со напорна работа, веруваме во таа цел. Уште еднаш горд сум на момците. Изгледавме како треба една вистинска репрезентација. Покажавме како треба да се бори за репрезенативниот дрес. Мислам дека нашата публика и цела Македонија вечерва уживаше“.










