Новата Македонија го фати ритамот или го продолжи наследството на своите претходници. Традицијата на учества на големи натпреварувања и натаму е сон кој македонската ракометна репрезентација го исполнува секоја година, а воедно и ја радува македонската јавност.
Овој национален тим со години е најуспешен, ракометарите обезбедија ново Светско првенство и тоа со две убедливи победи.
Генерацијата која дојде на местото на Лазаров, Стоилов, Миркуловски…покажа дека големите натпреварувања се и во нивната ДНК.










