По драмата во Веспрем: Раул ја однесе Србија на СП 2027!

139

Тоа е кога имаш одличен селектор, одличен тренер. А тоа секако делка Раул Гонзалез или “Ел Команданте“, некогашниот стратег на Вардар со кој беше европски првак во 2017 и некогашен селектор на Македонија.

Токму тој Раул како селектор на нашиот северен сосед ја однесе Србија на СП 2027 и тоа откако во реваншот во Веспрем, Унгарија славеше само со 31:30, недоволно ако се знае дека на првиот меч беше 31:29 за Србија.

И тоа како беше драма, и тоа до последните секунди, Србите се жалат и на судењето, но сепак имаат право на радост ако се знае дека Унгарија важеше за фаворит. Вања Илиќ со 9 голови беше најефикасен кај Србите, додека голманот Милосављев имаше 8 одбрани.

Денеска во реваншите од баражите за пласман на СП 2027 имаше голема сензација. Имено Грција на гости кај Холандија славеше со 33:38, на првиот мече беше 29:27 за Грција па така нашиот јужен сосед по пауза од 22 години одново се најде на еден ракометен Мундијал.

На СП се пласираа и селекциите на Полска која ја елиминира Австрија, потоа Словенија која и во вториот меч беше подобра од Црна Гора, како и Франција која немаше проблеми со Чешка.

ПретходноКаква глетка: „Море“ од црвено-жолти знамиња!
СледноПолувреме: Македонија ја „гази“ Словачка, Светското е наше!