Полна сала, полни срца и нов мундијал за Македонија (ФОТО)

135

Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа стави печат на пласманот на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци славеа со 38-23 пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“.

Со овој пласман, Македонија ја продолжи традицијата на редовни учества на Мундијалите, ова ќе биде вкупно 10-то Светско првенство, осмо по ред.

Капитенот Филип Кузмановски и на оваа средба беше лидер во нашите редови со 11 гола. Зад него беше Велковски со шест погодоци, Лазаревски запиша пет гола, додека четири имаше Стојковиќ.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, по кое нашите момци имаа позитива од 18-11. Ништо не се смени ниту во вториот дел, за кратко време Македонија поведе со двоцифрени 24-13, со што веќе немаше дилеми околку крајниот епилог.

Македонските ракометари не застанаа и покрај убедливото водство, сакаа да ги наградат фановите за големата поддршка и одличната атмосфера, и нивната желба да ги наполнат трибините иако противникот не беше аткрактивен.

Комплетната ждрепка ќе биде извршена на 10 јуни.

ПретходноЊукасл го турна Вест Хем кон втора лига
СледноФФМ го објави распоредот на билетите за финалето од Купот на Македонија