ФФМ го објави распоредот на билетите за финалето од Купот на Македонија

129

Од Фудбалската Федерација на Македонија предмалку објавија каде и на кој начин ќе може да се набават билети за претстојното Куп финале на Македонија, во кое што ќе се сретнат екипите на Силекс и Шкендија.

Истото е закажано за  в среда 20.05.2025 година од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје.

Како и секогаш, трибините на нашиот најголем стадион ќе бидат поделени што се однесува до навивачите, од двете спротивставени страни, а секако ќе има дел и за оние неутралните љубители на фудбалот.

Па така, за тимот на Шкендија ќе бидат резервирани Блок 13 и Блок 24, додека пак за навивачите на Силекс ќе бидат во Блок 19 и Блок 23. За наутралните пак резервиран е Блок 18.

Билетите може да се набават на следниот линк

https://eticket.ffm.mk/?fbclid=IwY2xjawR26pNleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFRbG55eFl0cVlOZDNsN2o0c3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHvJmoWLTngzJDEOOTlPsQgfWtkAu4Yn7ZTPBVXXsdzrNnZRRWryZtW_DL4OF_aem_skVzRuxFHnzHUz58G9PWlA

ПретходноПолна сала, полни срца и нов мундијал за Македонија (ФОТО)
СледноМитревски: Заслуживме двојна победа, бевме поквалитетни!