ГРК Охрид го закажа дербито со Пелистер!

85

После завршување на ЕХФ неделата посветена на бараж мечевите за пласман на Светското првенство, продолжуваат натпреварите во домашниот шампионат. Иако името на првакот е веќе решено, сепак на две кола до крајот не чека возбудлива завршница.

Во среда се игра дерби и тоа во „Билјанини Извори“, каде ГРК Охрид е домаќин на Пелистер. Ова е битка за второто место на табелата кое води во Европската лига. Охриѓани имаат 50 бода, два повеќе од битолчани.

Пелистер на последната пресметка беше поразен на домашен терен, па сега има шанса да се му реваншира на тимот на Борис Ројевиќ и воедно да се врати во игра за втората позиција.

На другата страна, охриѓани ќе влезат со поголема самодоверба, бидејќи зад себе го имаат триумфот над Вардар 1961.

Мечот е закажан со почеток во 19 часот.

ПретходноПартизан имаше сè, па едвај победи!
СледноХаверц го однесе Арсенал на чекор до титулата!