Симиќ се сели во НЦАА-лигата!

120
фото: kfsm.mk

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ, ја продолжува кариерата во НЦАА-лигата. 22-годишниот центар потпиша за екипата на УТ Арлингтон од Тексас, кој е дел од лигата во која веќе се натпреварува и Андреј Шошкиќ.

Симиќ веќе има интернационална кариера, на свои 14 години замина во Шпанија каде беше дел од школата на Барселона. Настапуваше и за шпански Прат, како и за Борац Бања Лука во БИХ.

 

ПретходноФановите на Минхен 1860 со голема провокација за Баерн!(ВИДЕО)
СледноМурињо поставил три услови пред да дојде во Реал