Лоши вести за фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина пред Светското првенство ова лето. Имено, еден од стартерите во репрезентацијата, Харис Табаковиќ поради сериозна повреда нема да игра на претстојното Светско првенство.
Табаковиќ заработи сериозна повреда на глуждот на последниот натпревар од сезоната против Хофенхајм, кој неговиот тим го доби со 4:0. Тој се повреди во 72-та минута од натпреварот по дуел со противничкиот дефанзивец Озан Кабак. Последните вести велат дека тој има скршена коска на глуждот.
Моментално тој има гипс на ногата, а претпоставките се дека нема да игра најмалку три месеци.










