Македонските каратисти заминаа во „лов“ на медали на ЕП во Германија

25
фото: Карате Федерација на Македонија (FB)

Македонската карате репрезентација отпатува за Франкфурт, Германија, каде што од 20 до 24 мај се одржува Европското првенство за сениори. Во составот на нашиот карате тим се најдоа 12 каратисти во машка и во женска конкуренција кои ќе се борат во кумите, како и уште три каратистки кои ќе не преставуваат во натпреварите во кати.

Во машка конкуренција наши адути во кумите ќе бидат Недим Шаќири -60 кг, Матеј Белистојански -67 кг, Љупчо Михајлов -75 кг, Реџеп Рушити -84 кг, Стефан Стојановиќ +84 кг, како и Мурсељ Мисини и Филип Стојанов кои ќе бидат дел од тимските натпревари.

Во женска конкуренција во кумите ќе не претставуваат: Ива Пецевска -50 кг, Михаела Мишовска -55 кг, Вероника Костовска -61 кг, Ера Коџа -68 кг и Ердона Зибери +68 кг.

Во кати индивидуално ќе настапи Владанка Аврамова, која со Данка Стојкова и Сара Трпковска ќе настапуваат и како ката тим.

На претстојното ЕП ќе настапат скоро 600 каратисти од 50 држави.

ПретходноГолем пех за Босанците: Табаковиќ нема да игра на претстојното СП
СледноРомано: Реал и Мурињо се договорија за двегодишна соработка