Дебакл на Детроит, Кливленд е во финалето на Истокот (ВИДЕО)

97
фото: OddsTrader (X)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс се пласираа во финалето на плејофот во Источната конференција на НБА откако го победија Детроит со 125-94 во решавачкиот натпревар од полуфиналната серија.

Детроит Пистонс беа на една победа од нивното прво појавување во финалето на Источната конференција од 2008 година. Во саботата, тие го вратија „брејкот“ во Кливленд,  ја израмнија полуфиналната серија на 3:3 и, како првопласирана екипа во лигашкиот дел од сезоната, се најдоа во ситуација каде што мораа да одиграат перфектно пред своите навивачи, но наместо голема прослава, им беше приреден вистински дебакл.

Кливленд убедливо победи и се враќа во финалето на конференцијата за првпат од 2018 година. Нивниот ривал ќе биде Њујорк Никс, а серијата започнува во среда во 2:00 часот по средноевропско време.

Кавс шутираа со 50 проценти од поле, во споредба со само 35 проценти за Детроит. Тие имаа девет скока повеќе и десет асистенции повеќе од противниците, со три изгубени топки помалку.

Донован Мичел го предводеше победничкиот тим со 26 поени, осум асистенции и шест скока. Џарет Ален и Сем Мерил постигнаа по 23 поени. Пистонс беа предводени од Данис Џенкинс со 17 поени и пет асистенции. Кејд Канингем и Данкан Робинсон постигнаа по 13 поени.

Кливленд ќе игра против Њујорк Никс во финалето на Источната конференција, додека Оклахома Сити и Сан Антонио ќе се сретнат во финалето на Западната конференција.

ПретходноБарселона сепак е пресилна за Бетис
СледноВтора година по ред: Шеј е МВП на сезоната во НБА лигата