Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ, ја продолжува кариерата во НЦАА-лигата. 22-годишниот центар потпиша за екипата на УТ Арлингтон од Тексас, кој е дел од лигата во која веќе се натпреварува и Андреј Шошкиќ.
Симиќ веќе има интернационална кариера, на свои 14 години замина во Шпанија каде беше дел од школата на Барселона. Настапуваше и за шпански Прат, како и за Борац Бања Лука во БИХ.
Тој во Македонија играше за ТФТ Скопје, а последно оваа сезона го носеше дресот на Кожув.
View this post on Instagram










