Турам со “специјална“ порака за Милан: “Ставете си ги дерби победите во зад**икот“!

126
ФОТО:facebook.com/Inter/

Синоќа Интер ја прославуваше својата 21-та титула, прво на “Меаца“ а потоа и по улиците на Милано. Напаѓачот Маркус Турам, го исмеа градскиот ривал Милан со два навредливи транспаренти за време на прославата на двојната круна.

Францускиот интернационалец се истакна со провокации додека се возеше во отворен автобус низ градот по последниот домашен натпревар во сезоната против Верона, за што му се заканува казна.

Фудбалерите и персоналот на „нероаѕурите“ ја прославија титулата во лигата и освојувањето на Купот на Италија со навивачите на рута што започна од стадионот “Меаца“ и заврши доцна навечер на Пјаца Дуомо. Во еден момент, Турам држеше транспарент на кој беше прикажан стаорец во црвено-црните бои на Милан, а потоа уште еден на кој пишуваше: „Ставете си ги дерби – победите во задникот“. Вториот транспарент беше директна алузија на слични испади од играчите на Милан во минатото. Во 2007 година, откако Милан ја освои Лигата на шампионите, Масимо Амброзини мавташе со транспарент со кој му рече на Интер да го стави освоениот Куп на Италија на истото место. Истото го повтори и голманот Мајк Мењан во 2022 година, кога „росонерите“ го освоија Скудетото, додека Интер славеше во Купот.

Со оглед на тоа што ѕвездите на Милан во минатото беа казнети за навредување на противниците, се очекува дисциплинската комисија да покрене постапка против Турам и дека и тој ќе мора да плати казна.

ПретходноМурињо поставил три услови пред да дојде во Реал
СледноЦиркуз во Србија: Тим од Ниш дома победил со 19:0, головите се урнебесни!(ВИДЕО)