Утре, традиционално на Арената Тодор Проески во Скопје, екипите на Силекс и Шкендија, од 20:00 часот ќе го одиграат најновото издание од финалето на Купот на Македонија.
Кратовци сезонава можат да ја оценат како исклучително успешна затоа што на табелата во шампионатот завршија веднаш зад фаворитите, Вардар, Шкендија, Струга ТЛ, за да а еве сега се најдоа и во завршницата во Купот.
„Најпрво да ја поздравам јавноста. За нас натпревар на сезоната, несомнено. Затоа што овој меч ни носи Европа. Со Шкендија одигравме доста мечеви сезонава, се работи за квалитетен противник. Шкендија можеби е во мала предност, пред се поради искуството кое го поседува, и поради мечевите во Европа. Респект за противникот, и нека победи подобриот. Посакувам супер меч, супер финале, меч за паметење.
Која би била предноста на Силекс. Тоа што Шкендија има одиграно еве 54 мечеви сезонава. Секако дека ќе се обидеме да ги искористиме слабостите кои Шкендија би ни ги пружила“ – изјави стратегот на Силекс, Александар Васоски.
Анѓелески: Очекувам добар меч и пласман во Европа
Од друга страна, капитенот на Силекс, Дарко Анѓелески, исто така верува во успех на тимот и уште еден пласман во Европа.
„Секако дека посакувам добар меч, веруваме во нашите квалитети, потенцијал. Респект за противникот, но ние имаме свои амбиции, а тоа секако е освојување на Купот, и пласман во Европа„ – изјави Анѓелески.










