Беќири: Шкендија посакува трофеј во меч во кој влегуваме максимално

46

Утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе се одржи најновото издание на финалето од Купот на Македонија.

Во него ќе се сретнат екипите на Силекс односно Шкендија во дуел во кој ќе се сретнат двете од четирите најдобри екипи во моментов во домашниот шампионат.

Шкендија не ја одбрани шампионската титула од минатогодишниот шампионат, а еве сега преку Купот има шанса за утешен трофеј што се вели.

„Сакам да се заблагодарам за присуството. Ќе се обидам кратко да го најавам мечот. Мислам дека Шкендија по осум години се наоѓа во Куп финале. Мечот го респектираме максимално. Ќе влеземе во него максимално, сакаме да се надигруваме. Респект, почит кон противникот. Силекс во последните две години има одличен тим, резултати. Лани до последно коло ни беа конкуренти, слично беше и годинава. Еден меч е. На истите одлучуваат моменти, ситуации. Сакам да имаме еден коректен меч, игра, фер судење, и како што рече колегата Васоски, кој ќе има повеќе среќа нека се радува на крај. Премногу искусна екипа сме за да помислиме дека лесно би дошле до победа. Силекс е клвалитетен. Секое финале го одлучуваат нијанси“ – изјави стратегот на Шкендија, Јетон Беќири.

„Шкендија секогаш кога ќе ја започне сезоната има три цели. Добар излез во Европа, што се случи, битка за шампионат, што исто така се случи, и еве шанса во Купот“ – изјави додаде капитенот на Шкендија, Албин Зејнулаи.

 

ПретходноПоведена е постапка – се чека казната за ФК Вардар за дискриминирачката и деградирачка прослава на титулата
СледноВасоски: Меч на сезоната за нас, преку ова финале ние гледаме кон Европа