Уште една одлична партија на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски за својот Тренто. Вечерва во вториот меч од четвртфиналната серија од плеј – офот во елитната лига на Италија на гостувањето кај Виртус, Македонецот запиша 13 поени, имаше и еден скок и две асистенции.
Оваа негова партија и тоа како му помогна на Тренто да дојде до победа од 84:87 и со тоа да израмни во серијата на 1:1.
Се разбира дека Јакимовски уште еднаш потврди дека е класа кошаркар и дека наскоро би можел да направи трансфер во некој поголем клуб. За него веќе долго време се интересира Валенсија, тим кој ќе игра на Ф4 во Евролигата.










