Нено едноставно – ФАНТАСТИЧЕН!

138
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Ненад Димитријевиќ покажа дека е еден од најдобрите кошаркари на Баерн Минхен. Вечерва во вториот меч од 1/4 финалната серија во шампионатот на Германија, нашиот репрезентативец едноставно блескаше, беше фантастичен во победата на “баварците“ од 92:62 против Трир за 2:0 во серијата, и тоа за само 15 минути минати на теренот.

Нено со 16 поени беше најефикасен на натпреварот, притоа забележа два скока и дури 9 асистенци.

Лесно му е на Баерн Минхен кога во своите редови го има Ненад Димитријевиќ.

ПретходноНа ова се чекаше 22 години: Почна славјето во Северен Лондон! Еве што Арсенал објави…(ФОТО)
СледноЧелзи победнички против Тотенхем