Скандалозно и шокирачки од страна на Шкендија. Имено по завршување на финалето на Купот на Македонија, играчите и тренерите на поразениот тим во ова финале, не се појавија на пиедесталот да ги примат медалите.
Како што дознаваме, на овој потег играчите на Шкендија се одлучиле и тоа на барање на управата на клубот која инсистирала на тоа.
Се разбира дека по ова следуваат санкции.
Едноставно срамно и неспортски потег од страна на тетовскиот клуб.










