Реванш со „камата“: Пелистер ги спушти на земја охриѓани

208

Пелистер му се реваншираше на ГРК Охрид со камата, откако на гостински терен славеше со 22-25 . Ова беше пресметка за второто место на табелата во плеј-офот каде сега се враќаат битолчани. И двата тима имаат по 50 бода, битолчани треба да го победат Алкалоид на домашен терен за да останат втори.

Ракометарите на Пелистер доминираа во текот на целиот меч, брзо го наметнаа своето темпо, благодарение на одличната одбрана на одморот имаа предност од 9-16.

После 12-20, охриѓани со серија од 3-1 дојдоа на 17-21, во меѓувреме Пелистер остана го играч помалку, а не успеа да реализира два пенали. Овој налет на противникот го прекина Манасков со гол од седум метри, на него се надоврза Радивојевиќ за 17-23 на стартот на 50-та минута. Ројевиќ играше „шест на седум“, што пак придонесе да изгубат со помала разлика.

Радивојевиќ имаше осум гола, додека Митревски запиша 16 одбрани. На другата страна пет гола имаше Јахисура, додека пак Пилиповиќ запиша 11 одбрани.

ПретходноСега и Атлетико Мадрид тргнува по Бернардо Силва!
СледноПолувреме на Арената: Силекс и Шкендија играат без голови, многу тактика, борба…