Едноставно Силекс знаеше како треба. Покажа како треба да се игра едно вакво финале. Максимално борбено, агресивно, како што треба една Шкендија да се победи.
И тоа и го сторија кратовци предводени од стратегот Александар Васоски на кого ова му беше второ финале, ама и прв освоен пехар во Купот на Македонија.
Силекс како повеќе да ја посакуваше победата, како да имаше повеќе енергија во себе, е кога е така тогаш на тој начин се победува во едно вакво финале.
Уште поважно за Силекс е што оваа победа, овој триумф значи и настап во фудбалска Европа.
По мечот фудбалерите на Силекс го примија победничкит пехар кој оди во Кратово.
















