ФФМ: Шкендија ќе биде најстрого казнета за она што се случи на Куп финалето вечерва

883

Она што вечерва екипата на Шкендија, поразениот тим од финалето од Купот на Македонија, го направи очигледно дека ќе има сериозни реперкусии, последици, или кој друг термин сакате да го употребите.

Трофејниот македонски клуб вечерва реши откако со сосема фер и коректен натпревар кој го загуби со 1:0, да не ги прими сребрените медали кој што му следуваат на поразениот.

И покрај неколкупати повикани од организаторот, Фудбалската Федерација на Македонија, играчите на Шкендија решија да останат под трибината каде што се наоѓаа нејзините навивачи, а потоа на сред прогласување на победник, да заминат во соблекувална….

Како? Зошто? Што е причината за ваквиот однос на сериозно реномираниот наш претставник во Европските натпрревари сезонава, трофејниот клуб, Шкендија ќе мора веднаш да објасни. Тоа тренерот Јетон Беќири на прес конференцијата не го стори.

„Не сум компетентен да коментирам“….

Во ред, ама Фудбалската Федерација на Македонија и тоа како е компетентна да го казни ваквото до сега невидено однесување на клуб на вака високо ниво, и во вака сериозна ситуација. Ова беше финале на КУП. Ова не е завршен меч на маалски турнир, па поразениот да се налути.
Не ова е сериозно непочитување на институциите, на историјата на мак фудбалот, на денешницата, на иднината.

А, за исвиркувањето на химната на Република Македонија, и не станувањето простум.

СРАМ ДА ВИ Е…….

 

ПретходноВасоски: Заслужено го подигаме пехарот од Купот на Македонија
СледноАстон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)