Актуелниот ПМФЛ шампион, екипата на Вардар, периодов ќе се обиде да го засили што е можно повеќе составот, за да биде што поконкурентен во квалификациите за Лигата на Шампионите, и секако новата сезона.
Па така, нов договор добива еден од капитените, искусниот Горан Закариќ кој што пролетва и тоа како допринесе за освојување на титулата, постигнувајќи неколку клучни голови.
Закариќ пристигна во периодот кога Вардар се мачеше резултатски, и презема сериозна улога носејќи го тимот во најважните моменти.
Во следниот период се очекуваат неколку нови имиња во таборот на шампионот.















