Заслужено, Силекс е победник на 33.финале во Купот на Македонија. По завршување на финалето, во кое тимот на Александар Васоски ја победи Шкендија со 1:0,кратовци со право еуфирично се израдуваа на својот четврти трофеј во историјата на Купот на Македонија.
Пехарот на победничкиот тим му го предаде потпретседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Марјан Стојкоски по што следуваше еуфорично славје.










