Куп финале 2026: Васоски и Беќири го посакуваат првиот трофеј!

36
ФОТО:ffm.mk/

Јасно е дека кога се игра финале нема фаворити и аутсајдери. Тоа е еден меч во кој може било кој тим да победи. Јасно е дека голема улога ќе имаат и тренерите, кои треба да ги подготват своите играчи за мечот на сезоната.

Александар Васоски (Силекс) и Јетон Беќири (Шкендија) се едни од нашите најдобри тренери, тие се шампионски тренери. Васоски со Вардар ја освои титулата во сезоната 2019/20, а Беќири со Шкендија минатата 2024/25 сезона.

Но, и двајцата немаат пехар во Купот на Македонија, и затоа и двајцата имаат и тоа како мотиви за вечерашниот дуел.

На Васоски ова му е второ финале. Во првото, како тренер на Брера во таа 2021 кога во неговиот тим беше поразен од неговиот сегашен тим, Силекс.

Значи ова ќе биде негов втор обид за освојување на трофејот. Од друга страна на Јетон Беќири ова ќе му биде прво финале како тренер во Купот на Македонија.

ПретходноКузмановски оди на кратка авантура во Кувајт
СледноПелистер оди по “одмазда“ во Охрид