МВП-то се пронајде, Оклахома го израмни резултатот (ВИДЕО)

75
Фото: Оклахома Х

Оклахома го победи Сан Антонио со 122-113 во вториот натпревар од финалето на Западната конференција и го израмни резултатот на 1-1. По слабиот настап во првиот натпревар, Шаи Гилџус-Александар го предводеше својот тим со 30 поени и девет асистенции.

Алекс Карусо додаде 17 поени од клупата, Холмгрен постигна 13, а резервите Џаред Мекејн и Кејсон Волас имаа по 12 поени за бранителите на титулата. Стефон Касл ги предводеше Спарс со 25 поени, додека Виктор Вембањама имаше 21 поен, 17 скока, шест асистенции и четири блокади.

Победата на Тандерс во голема мера беше резултат на огромната предност во поени од клупата, кои ги надминаа резервите на противникот со 57-25. Оклахома Сити, исто така, доминираше во поени по изгубени топки, 27-10.

Тандерс го подобрија резултатот на 14-5 во натпреварите по поразите оваа сезона и ги победија Спарси само втор пат во седум средби.

ПретходноШкендија: Во ниту еден момент немавме намера да ги „бојкотираме“ медалите!
СледноИма само едно сценарио од кое стравуваат навивачите на Тотенхем