На првиот ден од Европското првенство во карате во Франкфурт, Германија, македонската репрезентација настапи во 4 категории. Матеј Белистојански, Михаела Мишовска и Недим Шаќири забележаа по една победа, додека Ива Пецевска загуби во првата борба.
Од сите наши натпреварувачи само Недим Шаќири доби шанса во репасажот каде по победата над натпреварувачката од Шпанија продолжи понатаму и во сабота ќе се бори со натпреварувач од Грузија за бронзениот медал.
Останатите наши каратисти деновиве продолжуваат со своите први настапи на шампионатот.










