Екипата на АЕЛ Лариса на нашиот репрезентативец Јани Атанасов и официјално испадна од грчката фудбалска елита. Во последното коло од плеј-аутот, тимот на Атанасов кој беше стартер за гостите, загуби на гостувањето кај Кифисиа со 3:2.
Со овој пораз, АЕЛ сезоната ја заврши на претпослендото место и заедно со „фенерџијата“ Пансераикос следната сезона ќе играат во втората грчка лига. Атанасов оваа сезона одигра 30 превенствени натпревари за АЕЛ и постигна еден гол.










