Дисциплинска комисија при ФФМ: Постапка против Шкендија за национализам, пиротехника, непочитување химна, скандирање против ФФМ…..

247

Огромна е листата која што Дисциплинската комисија при ФФМ на денешната седница ја состави во име на постапките кои што се поведуваат против тимот на Шкендија, а по повод настаните од синоќешното Куп финале одиграно во Скопје на Арената Тодор Проески. Истото тетовци го загубија со 1:0 од Силекс, а на пред, на и по мечот, приредија серија на недоследности, прекршоци и скандалосно однесување, кон правилата и прописите на Фудбалската Федерација на Македонија по што ваквиот развој на настаните беше немоновен.

„Дицсиплинска“ поведува серија на постапки за национализам, истакнување на знамиња со недозволена содржина, за пиротехника, за непочитување на химната на Република Македонија, за се она што ФК Шкендија, играчите, односно навивачите го приредија, а за кои што очигледно следува сериозна консеквенца.

Одлуките од седницата на Дисциплинската комисија ви ги рпенесуваме во целост:

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради користење пиротехнички средства во текот на целиот натпревар (34 големи бакљи, 19 мали бакљи, 8 топовски удари, 14 дветлечки бакљи).

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради националистичко скандирање.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради истакнување знамиња со навредлива и недозволена содржина, како и истакнување на знаме со нацистичка содржина за што веќе беа санкционирани од УЕФА.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради скандирања со навредлива содржина кон ФФM.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради одбивање да ги примат медалите, како и поради недоличен и деградирачки однос на фудбалерите и официјалните лица на клубот за време на церемонијата по завршувањето на натпреварот.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Силекс АД поради националистички извици и употреба на пиротехнички средства.

Фудбалска федерација на Македонија изразува сериозна загриженост и разочараност од однесувањето на дел од актерите на натпреварот, особено од постапките на раководните луѓе на ФК Шкендија и фудбалерите кои директно го нарушуваат угледот на македонскиот фудбал и достоинството на едно финале кое треба да биде празник на спортот.

ФФМ вложи максимални организациски напори натпреварот да помине во фер, спортска и достоинствена атмосфера, со високи безбедносни и организациски стандарди. Наместо тоа, јавноста беше сведок на недолично и неодговорно однесување кое не смее да има место на фудбалските терени.

Недозволиво е раководни структури и поединци, наместо да придонесуваат за смирување на тензиите, да создаваат атмосфера на поделби, провокации и континуирано барање алиби за сопствените неуспеси, неспособност и незнаење.

Парите и богатството не значат имање спортска и општа култура. Фудбалот и спортот воопшто бараат почит, одговорност и фер-плеј, а не провокации, навреди и поттикнување недолично однесување.

Комисијата утврди дека со однесувањето на претставниците на ФК Шкендија е изразен директен презир кон Фудбалска федерација на Македонија како организатор и носител на натпреварувањето, преку омаловажување на официјалниот протокол и институцијата која го организира натпреварувањето.

Истовремено, со одбивањето да се учествува во церемонијата за доделување медали, беше покажано непочитување и кон противничката екипа, бидејќи ваквото однесување претставува фактичко непризнавање на резултатот и омаловажување на постигнатиот спортски успех.

ФФМ оценува дека последното соопштение на ФК Шкендија е целосно неприфатливо, неосновано и во очигледна спротивност со утврдената фактичка состојба, со содржина која претставува навреда за здравиот разум и интелигенцијата на спортската јавност.

Фудбалска федерација на Македонија останува цврсто определена во намерата доследно да ги санкционира сите облици на недолично однесување, без разлика на клуб, поединец или функција.

 

 

ПретходноГолемиот спортски настан „Денот на спортот“ пристигнува во Штип
СледноВината да си ја бараат дома! Како Шкендија не научи ништо од грешките на Вардар!?