Афиканскиот учесник на претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико, Демократска Република Конго се соочува со сериозен проблем во пресрет на стартот на турнирот.
Наместо да се подготвува дома, во главниот град Киншаса, тоа ќе мора да го направи илјадници километри подалеку.
Причината поради ова е фактот што во оваа земја владее епидемија на смртоносната ебола, која што до овој момент, одзеде 139 животи, а заразени се уште околу 600.
Па така, репрезентацијата е преселена во Европа, односно тренинг кампот ќе се одржи во Белгија.
Закажани се пријателски мечеви против Данска на 3 јуни, а ќе има уште еден натпревар во Шпанија на 9. јуни.
Конго е во група заедно со Португалија, Колумбија и Узбекистан.










