Репрезентацијата на Црна Гора која ќе биде единствениот „тест-партнер“ на нашата одбојкарска репрезентација пред старот на Европската лига, најави дека се комплетираше пред најавените пријателски дуели. Црногорците покрај двомечот со Македонија на крајот на оваа недела, ќе имаат и две контроли со селекцијата на Босна и Херцеговина најавени за овој викенд.
Селекторот на Црна Гора, Ивица Јевтиќ, изјави дека со доаѓањето на Иван Звицер по завршувањето на сезоната со Унгарија, репрезентацијата е комплетна и се очекуваат првите проверки со Босна, по што против Македонија ќе биде и финалната глазура на формата пред Европската лига.
Натпреварите со Црна Гора на гости во Подгорица, нашите одбојкари ќе ги одиграат на 29 и 30 мај.










