Македонија во Струмица против Холандија и Луксембург од 19 часот

40

Европската одбојкарска федерација ги потврди термините за одигрување на натпреварите на првиот турнир од Европската лига 2026 чиј домаќин ќе биде Македонија. По променетиот распоред, Македонија ќе ги пречека Холандија и Луксембург во салата „парк“ во Струмица од 5 до 7 јуни.

Сите три натпревари се закажани со почеток од 19 часот, а одредени се и судиските парови кои ќе ја делат правдата на натпреварите.

Првиот натпревар на 5 јуни Македонија ќе го одигра со супер-фаворитот Холандија. Мечот до 19 часот во „Парк“ ќе го судат грчкиот интернационалец Милонакис и албанскиот судија Акбулут.

Ден подона на 6 јуни ќе се сретнат Холандија и Луксембург, натпревар на кој како прв судија ќе се најде нашата интернационалка Елеонора Петровска, а ќе и асистира Милонакис од Грција.

Последниот ден на 7 јуни во 19 часот ние ќе се сретнеме со Луксембург. Прв судија ќе биде Акбулут од Албанија, а нашата Петровска ќе биде судија долу на теренот.

ПретходноМакедонија со тест меч против Бугарија, Станиќ со неколку дебитанти
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА СО ПРИЗНАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЕКТОТ „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ”