Бутел без сили за изненадување, Алкалоид со лесна победа

41
фото: RK Alkaloid (FB)

На коло пред крајот на актуелната сезона, ракометарите на Алкалоид ја прокнижија 20-тата сезонска победа, откако денеска во мечот до 9. коло против Бутел славеа во Автокоманда со убедливи 37:21.

Натпреварот практично беше решен уште во првите 15-тина минути, кога Алкалоид со стабилна игра почна да ја зголемува разликата. До 20 минута домашните веќе имаа предност од 7 голови (14:7), а на полувреме заминаа со предност од 19:11.

Ништо не се промени ниту во вториот дел, кога избраниците на Лазаров ја потврдија доминацијата и на крајот убедливо славеа. Тордарсон со 8 гола беше најефикасен кај Алкалоид, додека кај Бутел Шилегов постигна 5 погодоци.

Во меч од плеј-аутот, екипата на Е. Пелистер 2 славеше на гости кај Струга со 29:40.

ПретходноАлкалоид им се заблагодари на тројца ракометари
СледноШампионска лекција на Вардар за Шкендија (ВИДЕО)