Официјално: Саша Обрадовиќ не е веќе тренер на Ц.Звезда!(ФОТО)

79
ФОТО: KK Crvena zvezda/FB

Она што се очекуваше и беше најавувано, од денеска е и официјално. По елиминацијата од Партизан во полуфиналето од плејофот на АБА лигата, како и по скандалозната конференција на Саша Обрадовиќ по завршувањето на тој натпревар, тој не е веќе тренер на Ц.Звезда.

Ова попладнево Црвена звезда го потврди во официјално соопштение на веб-страницата на клубот попладнево и тоа дека тимот ќе го предводи Милан Томиќ на претстојниот „историски“ Фајнал Фор на КЛС во Ниш.
„КК Црвена звезда ја информира јавноста дека Саша Обрадовиќ повеќе не е прв тренер на сениорскиот тим. Клубот сака да му се заблагодари на претходниот тренер за неговиот ангажман и посветена работа за време на неговиот престој во нашиот клуб. Во наредниот период, тимот ќе го води нашиот поранешен тренер Милан Томиќ, на кого клубот му се заблагодарува што прифати да го преземе тимот во овој момент и да го предводи тимот во финалето на домашното првенство“, се наведува во денешното соопштение за медиумите од Црвена звезда.

ПретходноСензационално: Се создава моќен тим во Европа,Тони Паркер ќе биде тренер! (ФОТО)
СледноСилекс се пофали: Ја продолживме соработката со нашиот тренер Васоски!(ФОТО)